Categories
Новости

Синдикална школа на САДУ 2025 (07-09 ноември)

Во периодот од 07-09.10.2025 год. во хотел Молика во Битола се одржа, поради големата заинтересиранот, првиот дел од шестата синдикална школа на САДУ. Како и секоја година, така и оваа фокусот беше на актуелни и релевантни прашања кои се од особено значење за административните и јавните службеници.

Во рамките на синдикалната школа беа обработени две значајни теми.

Првата тема се однесуваше на колективните договори и колективното преговарање, каде предавач беше етаблираниот проф. д-р Лазар Јовевски.

Во своето излагање, професорот Јовевски потенцираше дека колективните договори не се само правен инструмент, туку и моќна алатка за обезбедување достоинствена работа и вистински дијалог меѓу работниците и работодавачите.

Втората тема беше насочена кон законите за административни и јавни службеници каде предавачот Југослав Ѓеорѓиевски, консултант за изработка на законски нормативи, детално ги претстави и разработи истите.

Во рамките на својата излагање, Ѓеорѓиевски посвети посебно внимание на практичната примена на новите закони, на новините што тие ги воведуваат, како и на следните чекори и обврски што произлегуваат од нивната имплементација.

За време на школата беа разгледувани и коментирани прашања и забелешки за примената на законите во секојдневната работа, врз основа на конкретни примери од искуството на синдикалните членови.

На крајот од дискусиите, беа извлечени и дефинирани заклучоци насочени кон унапредување и понатамошно развивање на делувањето на синдикалните организации и на САДУ како грански синдикат.