Categories
Новости

Јавниот сектор да работи од 9 до 3, за да се заштеди електрична енергија

авниот сектор да работи од 9 до 3 часот, односно да завршува два часа порано, е мерката којашто ексклузивно на прес – конференција ја соопшти Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски. Тој посочи дека дополнително можат да се состават дежурни тимови кои би работеле во дејностите каде што за тоа има потреба.

Тој се осврна и на најавите за енормно зголемување на сметките за струја, кои доаѓаат од бизнисот и од јавните комуналните претпријатија како даватели на услуги, но и од граѓаните.

Ралповски посочи и дека од ковид пандемијата до денес се изгубени 120,000 работни места, односно дека опаѓа вработеноста, додавајќи дека има намалување на невработеноста, што според него значи дека државата оди во погрешна насока, бидејќи секојдневно се повеќе луѓе ја напуштаат Македонија.

Ја повика Владата на социјален дијалог за изнаоѓање на решенија за проблемите, особено во делот на поскапувањето на струјата, но и за зачувување на работните места. Констатираше дека социјалниот дијалог во Македонија е клинички мртов, но за да се извлечеме од ситуацијата во која се наоѓаме потребно е носење на заеднички решенија