Претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија учествуваа на состанок на европско ниво наменет за социјалните партнери, кој се одржа во Малага на 28.01.2025 во рамки на проектот Greenet – Забрзување на зелената транзиција на праведен и социјално одговорен начин – случаи во секторите индустрија, енергетика и транспорт. Овој состанок го одбележа последниот меѓународен настан кој се одржа во рамки на проектот Greenet, ко-финансиран од Европската Унија.
На состанокот присуствуваа 26 учесници од кои и претставници од ETUC и IndustriALL на кој што се разговараше за резултати од истражувањето и прелиминарните препораки, како и за усогласување на ставовите и финализација на платформата за политиката за чиста индустрија. Исто така на состанокот се разгледаа и различни стратегии за забрзување на зелената транзиција на фер и општествено одговорен начин низ секторите индустрија, енергија и транспорт.

